Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска беше пуштен од болница во Јужна Калифорнија, придружуван од неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Седумдесет и петгодишниот Клинтон минатата недела беше примен на одделот за интензивна нега поради уролошка инфекција, пренесува Ројтерс.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон дојде во Калифорнија на состанок на неговата фондација, но во вторникот беше примен на одделот за интензивна нега на медицинскиот центар Ирвин во Калифорнија поради замор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.