Компанијата Мајкрософт ја затвори својата социјална мрежа Линкдин во Кина, со објаснување дека почитувањето на тамошните правила станало преголем предизвик.

Се соочуваме со значително поголеми предизвици во работната средина и се поголеми проблеми во усогласување на работењето во Кина – напиша потпретседател на Линкдин, Мохак Шроф, на својот блог.

Линкдин беше единствената голема западна социјална мрежа достапна во Кина.

Кога почна со работа во таа земја во 2014 година, Линкдин се согласи со барањата на тамошната влада, ветувајќи дека ќе ја врши својата работа транспарентно. Но, Линкдин објави дека не се согласува со цензурата што ја спроведува кинеската Влада.

Овој потег на Мајкрософт доаѓа откако Линкдин беше критикуван за блокирање на профилите на неколку новинари.

Линкдин ќе покрене друга верзија на својата платформа подоцна оваа година, наречена ИнЏобс (InJobs), која ќе биде специјализирана само за работа.

Сепак, платформата нема да вклучува социјални содржини, ниту корисниците ќе можат да објавуваат и споделуваат содржини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.