Холивудската актерка Кетрин Зета-Џонс тврди дека е многу загрижена за нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, затоа што тој сакал уште една хируршка интервенција.

Кетрин и Мајкл се венчаа пред 25 години, а Мајкл призна дека направил затегнување на лицето во 2000 година, по што не престанал со третмани за подмладување на лицето.

Како што за американските медиуми тврди извор близок на двојката, загриженоста на Кетрин се зголемила откако доктор неодамна му рекол на Даглас дека би било паметно да престане со пластичните операции, затоа што може сериозно да го загрозат неговото здравје. Најголемата опасност доаѓа од тоа што тој има 76 години.

Според изворот, Даглас сепак, не сака да се откаже и планира повторно да се подложи на интервенција.

Кетрин е многу загрижена за него и му вели да прифати природното стареење на лицето, но тој не ја слуша – тврди изворот за американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.