Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ги сподели своите впечатоци од пласманот на тимот во Лигата на шампионите.
„Лавовите“ ќе играат во главниот европски куп за прв пат по 41 година.
– Денес е посебен ден. Сонувавме за ова од почетокот на сезоната. Играњето во Лигата на шампионите е следното најдобро нешто во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите се среќавате со екипи од други земји. И тоа е неверојатно. Секогаш сме одговорни за историјата на тимот и наша одговорност е да се обидеме да го подобриме нашето ниво, да бидеме упорни и да го следиме сонот. Се разбира, јас сум многу, многу среќен и горд на нашите навивачи, играчите и сите останати, изјави Емери за клупскиот сајт на Астон вила.
На едно коло пред крајот на англиското фудбалско првенство, Астон вила со 68 бодови се наоѓа на 4. место во поредокот, со пет бодови пред Тотенхем кој е на 5. место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.