Кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами од Беса во емисијата 24 анализа рече дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови. Затоа како Беса биле многу внимателни во однос на трагедијата и кога сите протестирале во Тетово. Не побарале гласови на сметка на трагини настани.

Нашето постоење е да понудиме решение за актуелните проблеми. Во врска со оставките на министерот и заменикот, ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не? – рече Касами.

Неговата противкандидатка не ја отфрли оваа можност.

-Па тоа е прашање на политичките партии. Прашање на политички одлуки. Значи, имате нешто понудено, зависи како ќе се развиваат состојбите. Тоа е веќе прашање кое сигурно е веќе во склоп на одлуки прво на премиерот, на министрите па после тоа, нормално и на политичките партии во зависност од текот на настаните, рече Арифи, додавајќи во моментот сѐ уште не се разговара за реконструкција на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.