За време на сите овие години, бугарскиот воин, командант и офицер, никогаш не му свртел грб на непријателот. Тие ја пролеаја својата крв за Добруџа, Тракија, Поморавие, Македонија за заеднички бугарски национален идеал – ова ги прави многу поголеми од сите оние кои потоа ги присвојуваа нивните заслуги.

Ова го изјави во својот говор пред питомците од Националното средно училиште „Васил Левски“ министерот за одбрана на Бугарија – Красимир Каракачанов, цитиран од „Блиц“.

„Спомнувајќи ја Македонија, слушам некои наши партнери и т.н. јавни личности како не повикуваат на „компромис“, да прифатиме дека сепак „работите се смениле“. Со што да правиме компромис? Со оние 200.000 бугарски војници кои загинаа на боиштата во 1912-1913, 1915-1918, 1941-1944? Да заборавиме дека нивните деца, мајки, сопруги живееја тежок живот затоа што нивните сопрузи и синови починаа за заеднички бугарски национален идеал – дали треба да правиме компромис со тоа?

Или да се направи компромис со оние кои неколку децении ги уништуваа бугарските воени споменици и ги расфрлаа коските на нашите херои. Со кого треба да ја споделиме нашата историја? Алумни на военото училиште се Гоце Делчев, полковник Дрангов, полковник Дарвинов, генерал Протогеров, вкупно 11 генерали од бугарската армија, десетици полковници, стотици офицери. Каков компромис треба да направиме – да ги наречеме поинаку освен Бугари?

Откако загинаа во редовите на бугарската армија за бугарскиот национален идеал.
Убеден сум дека нема бугарско срце и нема Бугарин во чии вени тече бугарска крв, кој е подготвен да го стори тоа“, рече министерот Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.