На инаугурацијата на 46 американски претседател, првата потрпетседателка на САД Камала Харис носеше креации на Кристофер Џон Ројџерс и Серџо Хадсон од модната куќа „Black designers“.

Како што пренесуваат американските медиуми, тоа е историски ден за Америка, бидејќи првпат се случува потпретседателката да биде со темен тен и азиско потекло.

Бојата на капутот кој го носела за неа има посебно значење, бидејќи токму таа боја ја носела и Ширли Чишолм, првата Афроамериканка која се кандидирала за претседател на САД во 1972 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.