Сцена како од култниот филм „Викенд на мртовци“ се одигрува во моментов во Шпанија. Поради корона вирусот има илјадници починати па шпаските погребални претпријатија имаа многу работа. Медиумите пишуваат дека е загубено телото на поранешниот претедател на Реал Мадрид Лоренцо Санс на пат кон крематориумот.

Поради голема бројка на починати, семејството во последен момент одлучило таа да се изврши на 40 километри од Мадрид, во Ескоријал.

Но, во моментите на промена на местото се губи секој траг на телото. Да биде шокот за семејството уште поголем потврдено е дека дошло до грешка во евиденцијата, па сега мали се шансите телото на Санс воопшто да биде пронајдено.

Неовиот син изјави дека е можно татко му да бил кремиран без знаење на семејството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.