Неколку часа откако ЕУ ја објави листата на држави на чии жители ќе им биде дозволено да патуваат во земјите од Унијата, италијанските власти соопштија дека ќе ги задржи правилата за карантин за патниците што доаѓаат од надвор од земјите од ЕУ.

Глобалната состојба останува многу сложена. Мора да спречиме сте напори и жртви во последните месеци да бидат залудни“, изјави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза.

Италија, која беше една од најтешко погодените европски земји од ковид-19 и првата земја која воведе целосен карантин, тврди дека според бројките, вирусот го ставила под контрола. Бројот на нови заразени и смртни случаи продолжува да се намалува, така што вчера се пријавени 143 нови случаи со ковид-19.

Весникот „Република“ објавува дека постои мислење дека повторното отворање на надворешните граници би „предизвикало нов синџир на зараза“.

Поради оваа причина, Италија го задржува задолжителното правило за карантин за сите оние што доаѓаат од држава што не е членка на ЕУ, дури и ако тие поминале низ друга земја од шенген-зоната“, се вели во написот во италијанскиот весник.

Италија од 3 јуни дозволи слободно движење од и во земјите од ЕУ и шенген-зоната, вклучително и Велика Британија и засега, според министерот за здравство, ова нема да се промени.

Но, патувањето надвор од оваа област ќе остане ограничено, при што италијанските власти, наводно, се загрижени за патниците кои не се членки на ЕУ, а кои во Италија влегуваат преку други шенген-земји, што е можно поради правилата за слобода на движење во шенген-зоната.

Бидејќи евентуалното затворање за влез од шенген-зоната би предизвикало колапс на летната туристичка сезона, според „Република“, италијанските власти размислуваат за полициски проверки и во хотелите: доколку се открие дека некое лице пристигнало од земја што не е на ЕУ, тоа ќе треба да остане во карантин две недели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.