Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека патните исправи кои истекуваат после 31 јули, ќе важат до 31 декември 2021 година.

Османи на својот фејсбук профил напиша:

Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Македонија тукушто ги помина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021.

Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи. Продолжуваме понатаму и со проектот за е-конзулат, со мобилни базни станици, со кои наскоро целосно и долгорочно ќе го затвориме прашањето за издавање патни исправи во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.