Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување договор за јавна набавка на пет автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички ПМ10 и на пет системи за прибирање и обработка на податоци, информира дека во автоматските мониторинг-станици за квалитет на амбиентен воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на РМ10 и истите се ставени во работен режим.

Податоците од извршените мерења, од денеска се достапни за јавноста на веб-порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk.

Од Министерството, исто така, информираат дека инструментот за симултано мерење на ПМ10 и ПМ 2.5 од Куманово е исклучен од системот поради технички проблем. Во моментот кога ќе се отстрани проблемот, инструментот ќе биде ставен во работен режим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.