Колегите на фолк-пејачот Спасен Сиљаноски од Кичево, кој е позитивен на ковид-19 се во изолација. За „Фокус” раскажуваат дека во неделата без да им каже дека поради симптоми се тестирал за коронавирус и очекува резултати, непоканет им дошол во студио, среде снимање.

Не смееме да оставиме простор за шпекулации, ова е чувствителна тема. Нашиот концерт со Стојне Николова се емитуваше во живо, има над 100.000 гледаност. Публиката можеше да слушне како го поздравуваме Спасен кој ненајавен дојде во салата, нема што тука да се крие, појаснува музичарот Игор Бежаноски во свое и во име на колегите кои биле присутни на настанот.

Повеќе на „Фокус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.