Игор Кокошков е нов селектор на репрезентацијата на Србија, објавија медиумите во оваа земја. Тој доаѓа на местото на Александар Ѓорѓевиќ чиј договор истече по завршувањето на Светското првенство.

Кокошков има голем успех зад себе, како предводник на клупата на Словенија, во 2017 година стана шампион со оваа земја на ЕП, а има и НБА искуство.

Во моментов тој е помошник во Сакраменто Кингс, кој му даде зелено светло да стане селектор на Србија.

Главна цел ќе биде да ги одведе „орлите“ на Олимписките игри преку квалификациски турнир, чиј домаќин ќе биде Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.