Уште еден во низата на личности блиски до СДСМ кои се најдоа повикани да ја коментираат министерката за труд и социјална политика, и тоа не за нејзината работа, туку за тоа дека е, односно, каква Еврејка е.

Овојпат Љупчо Зиков за Рашела Мизрахи вели дека не се однесувала еврејски.

Поранешниот новинар, кој беше предлог за финансиски директор на СДСМ во државната компанија МЕПСО, а сега фигурира како член на Управен одбор, до овој „заклучок“ дојде споделувајќи една, како што вели тој, стара еврејска мудрост.

Една стара еврејска приказна:
Таткото на смртна постела го повикал синот и му рекол дека освен воспитувањето, како и начинот на размислување што му ги дал, нема што друго да му остави на синот.

Таткото, сепак, му порачал дека во старата куќа, кај дедо му, оставил две кутии – црна и бела.
– Синко, кога ке ти биде најтешко во животот ке ја отвориш црната кутија, а кога ке ти биде најубаво во животот ке ја отвориш белата кутија.

Му станало на синот најлошо во животот и кога ја отворил црната кутија во неја немало ништо … освен ливче на кое пишувало кратко – Ке помине …!

Потоа на синот му станало најубаво во животот и ја отворил белата кутија. Во неја исто така ливче на кое пишувало – и тоа ке помине синко …

Значи …
Не знам дали Мизрахи како гордо декларирана Еврејка ја слушнала оваа многу длабока, и полна со пораки приказна на стариот Евреин … Но, да ми прости, и таа, и партијата од чии редови е, министерката ни малку не се однесува еврејски, она што го знаеме за овој народ полн со памет и мудрости наод нашироко во светот прифатен.

Напротив
Малку глупаво како за Еврејка. Неприфатливо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.