Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се откажат од нивниот статус на високи членови на британското кралско семејство е тажна, јавуваат светските новински агенции.

Тажно е. Не сакам да навлегувам во детали. Имам голема почит кон кралицата Елизабета Втора. Мислам дека не требаше да и се случи тоа, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган неодамна ја објавија намерата да добијат финансиска независност и да поминат дел од своето време во САД. Принцот Хари, кој е шести во редот за наследник на тронот, ги помина Божиќ и новогодишните празници со Меган и 8-месечниот син Арчи во Канада. Тие објавија дека планираат подеднакво да живеат во Соединетите држави и во Соединетите држави.

Претходно, беше објавено дека Хари и Меган чувствуваат голем притисок од британските медиуми, за кои сметаат дека им посветуваат премногу внимание на нивните животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.