Минхен ќе остане меѓу градовите кои ќе бидат домаќини на натпревари од Европскиот шампионат, кој беше преместенза 2021 година, поради пандемијата од коронавирус.

Општината во еден од најголемите градови во Германија потврди дека „Алијанц Арената“ ќе биде домаќин на вкупно четири натпревари на Европското првенство. УЕФА го одложи континенталниот турнир за периодот 11 јуни – 11 јули 2021 година, што значеше дека секој од 12-те града домаќини мораше да го потврди своето учество.

Минхен ќе биде домаќин на трите натпревари на Германија во групната фаза против европскиот шампион Португалија, светскиот шампион Франција и друга екипа која ќе се квалификува преку плеј-офот.

Стадионот на германскиот шампион Баерн Минхен ќе биде домаќин и на едно четвртфинале на Европското првенство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.