Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби вечерва на неговата фејсбук страница објави дека за Владата одлучувачки е гласот и волјата на тетовчани, затоа од вторник ќе биде донесена одлука просториите кои беа доделени на Агенцијата за катастар на недвижности да се вратат повторно во служба на Средното медицинско училиште во Тетово.

Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби реагираше на полемиките за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово на користење на Агенцијата за катастар на недвижности, нагласувајќи дека одлуката за тоа е донесена од страна на Владата без никаква негативна тенденција.

Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи.

 

Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето, вели во обраќањето Груби на неговата Фејсбук страница.

Агенцијата за катастар, додава тој, го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат неискористени простории. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, посочува Груби, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената Аагенција за да им служат на граѓаните на Тетово.

Но, наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, стои во објавата на фејсбук статусот на Груби.

И тетовскиот градоначалник Биљал Касами се обрати преку Фејсбук. Тој напиша дека ја добил битката со Владата на СДСМ-ДУИ.

По притисокот што ние како општина денеска го извршивме врз Владата, добивме информација дека оваа незаконска одлука ќе се повлече и учениците ќе продолжат да учат во истиот објект. Интересот на секој граѓанин за нас е во прв план и нема да дозволиме тетовскиот народ да биде оштетен од оваа власт. Ќе бидеме рамо до рамо со учениците, родителите, граѓаните и ќе се бориме со секоја неправда направена кон нашите граѓани, соопшти Касами преку Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.