Грета Тунберг, активистка за заштита на животната средина се огласи на Фејсбук по повод катастрофалните поплави кои ја погодија западна Европа.

Младата активистка предупреди дека ова не е „новото нормално“ и дека доколку не се занимаваме со проблемите предизвикани од климатските промени, нема да можеме да ја запреме климатската криза.

„Смртоносни жештини, поплави, невреме, шумски пожари, суши, пропаѓање на посевите … Ова не е новото нормално“, напишала Грета.

Таа предупредила дека се наоѓаме на самиот почеток на климатската еколошка опасност и дека екстремните временски прилики ќе станат сè почести.

По неодамнешните катастрофални случувања, посебно во западна Европа, изгледа дека сите зборуваат за климатска вонредна ситуација и тоа со право. Но штом трагедиите завршат, најверојатно тоа ќе го заборавиме и ќе продолжиме како претходно, вели Тунберг.

Таа додава дека ако кризата постојано не ја третираме како криза и така со неа да се занимаваме, нема да успееме да ја запреме.

Таа ја критикува власта и политичарите велејќи дека сега се обидуваат да се однесуваат одговорно, зборувајќи многу убави зборови.

Изгледа дека сите забораваат дека тие се одговорни за тоа што не водат кон неколку степени потопла и дестабилизирачка планета. Мојте мисли се со сите кои се погодени од невремето, напиша Грета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.