Сабота е голем ден за љубителите на фудбалот. Конечно почнува сериозна лига како што е Бундес лигата. Со строги корона мерки и без гледачи ќе се продолжи првенството во двете лиги.

Бидејќи освен првенството на Белорусија никој друг во Европа не игра фудбал, за натпреварите од Бундес лигата владее огромен интерес од ТВ куќите.  Се поголем број телевизии бараат да го докупат остатокот на сезоната.

Се очекува натреварите од викендот да ги гледаат дури милјарда гледачи пред телевизиските екрани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.