Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација, порача новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните.

Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право.

Кисела Вода мора да биде општина од 21.век, општина во која секој ќе биде еднаков. Кисела Вода за сите луѓе“ – посочи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.