Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан истакна дека пронаоѓање вакцина за новиот коронавирус може да потрае неколку години, откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вакцината може да се очекува кон крајот на 2020 година.

–  Многу би се радувал ако тоа се случи за неколку месеци, но мислам дека треба да бидеме реални. Процесот може да трае со години, бидејќи може да биде разочарувачки, како со другите вакцини, изјави Шпан.

– Развивањето вакцина е една од најтешките работи, додаде Шпан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.