Активистите од Бунт против истребување (Extinction Rebellion- XR) ја презедоа одговорноста за онеспособувње на повеќе од 3.600 градски електрични електрични тротинети во Франција за бесплатна употреба. Активистите велат дека со тоа сакале да укажат на штетно еколошко влијание на тротинетите на батерии и дека со тоа даваат поддршка за штрајкот во Франција против пензиските реформи.

Во Париз, 2.200 тротинети, 1.500 во Лион, 90 во Бордо беа оневозможени со блокирање на електронски код, за да не можат да се активираат преку паметен телефон на корисникот, соопшти организацијата, посочувајќи дека тротинетите не се трајно оштетени.

„Наспроти она што го гледаат во светот како „зелен транспорт“, електричните тротинети се еколошка катастрофа“, сметаат во движењето. Тие посочуваат дека е-тротинетите „голтаат енергија“, дека траат кратко време, дека е „висока енергетската цена“ на транспортот со тротинетите затоа што тие постојано треба да ги наполнат своите батерии, и дека е „ниско нивото на рециклирање“ на нивните литиумски батерии.

Организацијата исто така наведува дека е-тротинетите се повеќе замена за пешачење, отколку замена за користење автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.