Џони Деп се уште го води судскиот спор со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, но од судењето што го будно го следи целата јавност доаѓаат сè погласни шпекулации дека актерот е во врска со една од неговите адвокати Камил Васкез.

Фотографиите од последните рочишта на кои актерот и адвокатката се доста блиски ги разгореа гласините дека можеби се и во интимна врска. Ваквиот заклучок е поттикнат од тоа што во судницата постојано си шепотат, разменуваат погледи, се смешкаат, а очевидци забележале и интимно стискање на раце.

Според извори на ТМЗ шпекулациите се целосно измислени и нивната врска е исклучиво професионална. Изворите за магазинот тврдат дека сите членови на адвокатскиот тим се зближиле со Деп бидејќи ја откриле неговата нежна и духовита страна и почнале да градат пријателство со него.

Зборувајќи за гласините, тие спомнаа дека Васкез често му се насмевнува на Деп на суд бидејќи го смета за духовит и ужива во неговите лудории и смисла за хумор. Исто така, таа се однесува со Деп на ист начин како што се однесува кон другите адвокати и целиот тим се обидува да остане силен среде интензивното судење. Што е најважно, изворите велат дека Камил е во среќна врска со британски агент за недвижности веќе неколку месеци.

Адвокатката, пак, рекла дека мисли дека Деп не се однесува поинаку со неа од другите адвокати кои го бранат и се надеваат дека ќе го добијат спорот од 150 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.