Министерот за здравство Венко Филипче напредуваше во партиската хиерархија на СДСМ и од денеска тој е потпретседател на партијата.
Филипче е избран на оваа позиција на 26 Конгрес на СДСМ.

Искрено му благодарам на претседателот Зоран Заев и членството на СДСМ за дадената доверба да бидам потпретседател на партијата. Мотивиран од огромна и искрена желба за напредок на нашата држава, како потпретседател ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството, а секој граѓанин да го почувствува тоа. Денешната поддршка што ја добив од моите сопартијци освен што ми даде голема енергија исто така е и огромна одговорност. Како дел од највисокиот одлучувачки орган на партијата секогаш ќе бидам на страната на граѓаните и ќе се залагам за унапредување на сите сфери од живеењето. За крај, и понатаму останувам целосно посветен на функцијата министер за здравство и битката со пандемијата., напиша Филипче на Фејзбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.