Да не ја гледаме само апсолутната бројка на заболени, вели денеска министерот за здравство Венко Филипче на прашањето за ограничувањата од Европската Унија за влез на македонски државјани. Вели дека во земјава има доста новозаразени затоа што има и многу тестирања.

Јас мислам дека не може да се гледа само апсолутната бројка на дијагностицирани пациенти, туку каков е пристапот, дали се прави широко тестирање и индикација за контактите на заболените. Кога не би ги тестирале повеќе нема да откриеме толку асимптоматски пациенти и апсолутната бројка ќе падне. Тогаш можеби ќе нè пуштат во некоја земја, но ние нема да имаме целосна слика. Ќе дозволиме да се случи пропуст и да шетаат асимптоматските случаи. Бројката ништо не значи, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.