Познатата актерка Шерон Стоун напишала дека е блокирана на апликацијата за пронаоѓање парнер, бидејќи корисниците мислеле дека се работи за лажен профил.

Ја отворив апликацијата Бамбл и прочитав дека профилот ми е затворен. Некои корисници предупредиле дека тоа не можам да сум јас“, напишала на Твитер американската актерка.

Хеј Бамбл, зошто ме дисквалификувате? Оставете не во кошницата“, се пошегувала актерката.

Вашиот профил е затворен бидејќи не предупредија дека е лажен“, пишувало под фотографијата.

Твитовите на американската актерка се споделени повеќе илјади пати.

Апликацијата Бамбл е поразлична од останатите апликација по тоа што само жените можат да го направат првиот потег и да ги исконтактираат мажите, а не обратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.