Финскиот консултант, комуникациски експерт и маркетинг експерт Томи Ахонен на својот профил на Твитер објасни зошто Москва се плаши од влезот на Финска во НАТО. Одговорот лежи во полуостровот „Кола“ на крајниот северозапад на Русија, кој се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг.

Западниот дел на полуостровот „Кола“ е едно од најгустите богатства на нуклеарно оружје на планетата. Руската арктичка флота во пристаништето Мурманск има свои бази на нуклеарни мразокршачи и подморници вооружени со интерконтинентални боеви глави. Исто така, на тој  полуостров има воздухопловна база на руската армија, со стратешки нуклеарни бомбардери како ТУ-160, ТУ-122Н и ТУ-95 на Тупољев.

Полуостровот има  огромно минерално богатство  како што се никел и бакар. Има и бројни хидроцентрали. Проблемот што го има Русија со овој полуостров е тоа што е слабо поврзан со остатокот од земјата. Има само еден пат и една железница што го поврзува остатокот од земјата со полуостровот. Патот меѓу пристаништето Мурманск и Санкт Петербург е долг околу 700 километри.

„Силите на НАТО имаат шанса да ја загрозат оваа врска од север, од Норвешка. Русија одамна постави две копнени дивизии на својата армија на таа позиција кон Норвешка. Околу педесет илјади војници го чуваат тој пристап и не и дозволуваат на Алијансата никаков премин“. рече Ахонен..

Ахонен додава дека безбедносната рамнотежа на рускиот полуостров е нарушена поради влезот на Финска во НАТО.

Целата територија долж финската граница станува парче земја што практично е невозможно да се одбрани Силите на Северноатлантската алијанса од Финска утре би можеле да го пресечат рускиот пат до Мурманск на стотици места. За тоа би биле потребни близу милион војници да го заштити патот долг 700 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.