Европската унија во септември ќе одржи меѓународна конференција за решавање на прашањето за преселување на авганистанските бегалци во различни земји, напиша еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на „Твитер“.

Во септември ќе свикам меѓународен форум за преселување на високо ниво за да разговараме за конкретните приоритети со земјите од ЕУ и да најдеме трајни решенија за најранливите луѓе во Авганистан, особено жените и децата, активистите за човекови права, новинарите и адвокатите. Ќе работиме заедно на координиран пристап за создавање легални начини за преселување (на бегалците), напиша таа по завршувањето на вонредниот состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.