Министерот за култура во владата на Заев, Асаф Адеми ќе остане запаметен по последната распределба на средства од министерството при годишната програма за култура. Сепак после овој мега скандал во јавноста се појави уште еден скандал во кој е вмешан министерот Адеми. Имено порталот Тетовасот објавува дека Адеми си ја вработил својата сестра во ЕЛЕМ. Според порталот Тетовасот кој ја проследи оваа информација, таа е добиена од незадоволни членови на Беса кои велат дека вработувањето на неговата сестра поминало без одобрение на партиските структури. Претходно неговата сопруга доби и средства од Фондот за иновации…

Останува отворено прашањето дали партиите на власт се претворија во Агенции за вработување со оглед на реакциите на партиските активисти од владеачката партија.

Да се потсетиме дека ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев, исто така добија вработувања во државната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Нивните работни места не беа огласени и примени се без конкурс, што дополнително ја зовре јавноста во ситуација кога се бара чесност, непристрасност и транспарентност по промената на власта пред десетина месеци, објави Независен весник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.