Големите ризици поради војната среде Европа, ембаргата, санкциите, ја прават оваа економска 2022 незивесна, во вакви услови дури и не се толку страшни новите прогнози на НБРМ дека годинава ќе заврши со инфлација од 8,8 отсто, коментираат дел од економистите за тв 24.

Според граѓаните секој ден живеачката станува се потешка. Растот на цените не е придружен и со раст на платите, поскапува се велат граѓаните.

Најголем дел од месечните трошци завршуваат за основни животни потреби скоро 74% од парите опфатени во синдикалната минимална кошница на ССМ завршуваат за храна, пијалаци, за комуналии, сметки за струја, вода, домување. Според ССМ само за еден месец или во април во споредба со март трошоците се зголемени за речиси 22 евра.

Дали власта напрви доволно и навреме за да се ублажи ценовиот раст критики од опозицискиот блок. Од Власта велат дека иако Народна банка проектираше висока стапка на инфалција ќе се водат фискални политики за да не се зголеми , па дури и за да забави ценовниот раст.

Македонија како и останатите земји од регионот, од Европа и од светот се соочуваат со ценовен шок . Еве какви стапки на инфлација има во дел од земјите:

 

Инфлација во земји од регионот и од ЕУ

Србија 9,6%

БИХ 10,2%

Хрватска 7,3%

Црна Гора 10,0%

Германија 7,4%

Холандија 9,6%

извор Светска банка

 

Дали владата со ребаланс на буџетот ќе влијае врз намалување на инфалцискиот притисок: од она што досега се знае е дека економскиот раст ќе оди надолу а инфлацијата нагоре. Ќе се продлабочи и буџетскиот дефицит. Останува да се види кои капитални расходи, кои се локомотива на економскиот раст, ќе го преживеат ребаланскиот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.