Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.

Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Највисоки просечни бруто плати 2023

Министерстви за надворешни работи     122.243 денари

Министерстви за внатрешни работи         62.112 денари

Министерстви за финансии                         60.685 денари

Министерството за одбрана                        55.058 денари

Министерстви за економија                        50.600 денари

Министерстви за локална самоуправа     50.214 денари

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Раст на прсечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемуваат и просечната  бруто платата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде прсекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари,

Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот  ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

Целата анализа на Порталб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.