Патничките меѓуградски автобуси ќе може да превезуваат патници со 75 отсто од капацитетот на возилото. Со оваа Владина одлука, се зголемува дозволената исполнетост на автобусите, коишто досега смееја да возат патници само до 50 отсто од капацитетот.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата – информираат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.