Денеска се наоѓаме во Василево, во струмичкиот регион, во најземјоделскиот крај на Република Македонија и од она што можев да го слушнам од граѓаните со кои што разговараме е дека селата се се попразни, а земјоделските политики кои што ги води СДСМ се погубни, ова денеска го истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека од разговорите со граѓаните, локалната самоуправа речиси нема ништо инвестирано во веќе две години мандат колку што има градоначалникот, а граѓаните не го добиле она што им беше ветено и за локалните избори во 2017 година и од парламентарните избори во 2016 година.

Граѓаните се свесни дека СДСМ со владеењето управува односно со криминалиите што ги прави на ниво на Република Македонија и сите оние пример и за непотизам во рамките на кругот на Зоран Заев.

“Меѓутоа во разговорите со граѓаните кои што ги посочија сите проблеми кои што ги тежнеат и тиштат овие години додека СДСМ ќе бидат проточени во предизборната програма која што ќе ја подготви ВМРО-ДПМНЕ. Значи ние овие разговори кои што ги водиме низ целата држава практично проблемите ќе ги преточиме во решение затоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ нудиме опција за решавање на нивните проблеми бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро утре.

Ние сме гарантот дека Македонија ќе ја вратиме на правата патека, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.