Не престануваат игрите на владејачката партија и нивните лаги. Овој пат земјоделците од охридскиот регион се изиграни со откупот на цреши и оставени се на цедило.

Според големите огласи на локалните радио станици каде се најавуваше купување за цена од 90 денари која патем остана само 2 дена и веднаш се намали на 70 денари, за денеска на 30.06 истата е намелена на 60 денари за што е потребна дополнителна големина од 26 и нагоре. Но тука не застанува агонијата на земјоделците. Имено, дадена е најава за намалување на цената на дури 50 денари.

Намалувањето се врши на начин што најавува откуп на живина по кој сточарите се уценувани со ниски цени кои мора да ги прифатат за да не им го задржат родот.

Се поставува прашањето каде се инспекциските служби за земјоделство и нивниот директор Зоран Сапурик да ги контролираат овие работи на терен под претпоставка дека цената од 90 денари е иста со ланската од 70 денари поради енормното зголемување на цените на препаратите и маслото за 100 до 200 отсто. Се поставува и прашањето дали воопшто овие институции се грижат за луѓето односно земјоделците за кои се поставени на функција. До сега од нив нема ниту трага ниту глас.

Факт е дека цената на работната рака е зголемена за 80-100 проценти. Дали власта им загризува вистински залак на земјоделците или само ги залажува?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.