Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во неговото гостување во емисијата „Само вистина„ на Канал 5 телевизија изрази загриженост за состојбата во Украина и потенцираше дека жали што не може да направи ништо повеќе, но истакна дека повеќе е загрижен околу актуелната економска состојба во државата за која владата нема стратегија и план како да се справи со кризата и да го заштити економскиот стандард.

-Јас навистина жалам за тоа што таму се случува и навистина го жалам тој народ таму за тоа што го доживува бидејќи на крајот од денот таму имаме луѓе кои што ги губат своите животи, разурнати домови, разурната инфраструктура и тоа се последиците од војната и тоа се неубави работи кои што таму се случуваат и навистина жалам што не можам ништо повеќе да направам освен да изразам еден вид жалење, рече Мицкоски

Тој додаде:

-Последиците од кризата покрај изгубените човечки животи и разурнатите домови се огромни и по еконимијата, а економијата е суштински важна за животите на луѓето и таа нормално дека ќе рефлектира и на нашите животи и животите на нашите сограѓани. За жал некако како да не успева владата да излезе од таа самобендисана матрица и да се обиде би рекол повеќе кон народот да се доближе и во решавањето на проблемите на народот а помалку да се сврти кон самата себе и решавањето на сопствениот хир за власт и привилегии но тоа е што е, а ние како опозиција треба да работиме да се сменат работите на подобро.

Мицкоски меѓудругото истакна дека е повеќе загрижен за тоа што владата не може да обезбеди алтернативен пазар за производите кои земјоделците не можат во овој монет да ги пласираат на рускиот и украинскиот пазар.

-Јас повеќе загрижен околу актуелната економска состојба во државата и енергетската криза која што е присутна, а истовремено ако ги гледаме проблемите во очи, ќе видиме дека илјадници наши сограѓани кои што се занимаваат со земјоделие ќе имаат сериозен проблем да го реализираат пласманот на својот производ. Но она што уште повеќе ме загружува е тоа што немаме стратегија, план од страна на владата како да се обезбеди алтернативен, гледаме владини официјални лица на соседни држави во поширокото но и во потесното соседство како се растрчани низ светот и бараат алтернативни пазари за производите кои што во овој момент не можат да бидат пласирани на рускиот и укранискиот пазар за разлика од нашите министри кои што се за тоа задолжени како да воопшто тоа да не им важно, како да воопшто за тоа не им е грижа дали нашиот македонски змејоделец производот кој што го произвел, ќе може да го пласира за да може понатаму да го храни своето семејство, и тоа е суштински за нас и тоа е проблемот на кој што треба да му погледаме во очи, се останато е дефоку од вистинските проблеми, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.