По двегодишна борба за нивните  права кои досега не се исполнети, здруженијата на сточарите и земјоделците од Македонија, на 26 октомври ќе протестираат пред Владата. Тие се пожалија дека нема никакво покачување на субвенциите на ниту една гранка од земјоделието, и велат дека имале многу ветувања но се уште немаат никаков резултат.

По тој повод претседателот на Агроцентар, здружението на земјоделци и сточари од Велес вели овој протест доаѓа по двегодишната нивна борба за нивните права, но до сега не се исполнети.

Нема покачување на субвенциите, ниту една гранка од земјоделието освен до некоја граница тутунот, ништо не просперира. Имавме ветувања многу, ЌЕ видиме, ЌЕ го земеме во предвид, но се уште немаме никаков резултат, вели претседателот на здружението на земјоделците и сточарите.

Тој додава дека субвенциите за сточарството се минимални, па затоа очекуваат масовност на протестот и исполнување на барањата кои веќе сите ги знаат и не отстапуваме од истите.

Земјоделците и сточарите се жалат дека субвенциите за сточарството се минимални, па затоа очекуваат масовност на протестот и исполнување на барањата кои сите ги знаат и не отстапуваат од истите.

Минатиот месец на протест излегоа лозарите со двочасовна блокада на патот Градско – Прилеп, кај селото Росоман, и го изразија својот револт од ниските откупни цени на грозјето. Побараа од министерот за земјоделство поголем слух за нивните барања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.