Револтирани од лошите услови земјоделците гневни порачаа дека повеќе нема да има праски за пет денари.

На Фејсбук страната Земјоделие.мк се појавија фотографии на кои се гледаат земјоделците како ги сечат дрвата, разочарани од понижувачка состојба сметаат дека ова е последно решение.

Летово, земјоделците од Росоман, Неготино и нивната околина истурија илјадници килограми праски во знак на револт кон власта и Министерството за земјоделство кое заборави да ги исполни дадените ветувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.