Железници транспорт а.д. Скопје ја пушти во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви, откако претходно беше извршена контрла пред ипорака кај производителот, кинеската ЦРРС.

Вредноста на една електролокомотива изнесува 2,13 милиони евра, обебзедени од кредит од Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР)).

Локомотивата ги помина сите етстови и добиен е ТСИ сертификат од страна на производителот, како и дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај. Направени се тестирања според тендерските барања напругите низ држвава, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1.600 тони на 17 промили, соопшти Железници на РСМ Транспорт.

Првата електролокомотива беше испорачана во мај, но не беше пуштена во сообраќај, бидејќи, не била пристигната комплетната техничка документација за неа. За да се добие дозвола за пуштање во сообраќај, локомотивата треба да поседува Европски сертификат за импероперабилност (ТСИ сертификат) и да биде извршен технички прием.

Генералниот директор Орхан Муртезани при престојот во Кина најави дека до средината на следниот месец во Скопје ќе пристигнат и останатите три локомотиви, согалсно со Договорт со ЦРРС, потпишан во јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.