Политичкиот аналитичар и поранешен македонски амбасадор Арсим Зеколи има свој став по прашањето „вработување блиски луѓе во администрацијата од оние кои се на власт“.

Повод плус беше именувањето на баџанакот на претседателот на собрание за член на идната антикорупциска и информацијата дека министерот за култура ја запослил сестра му во ЕЛЕМ.

Зошто да се повлечат именувани баџанаци, синови, ќерки, зетови, вонбрачни сопрузи? Тие се помало зло кои ја искористуваат туѓата моќ.

Треба да се повлечат и разрешат нивните роднини во Власта кои ја злоупотребуваат дадената моќ.

Разрешете ги вторите како памет за следните, порачува Зеколи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.