Бугарска фирма, маскирана преку швајцарска компанија преку Кајмански Острови ја купила компанијата сопственик на рудникот „Иловица-Штука“, Еуромакс Ресурси во Македонија, при што македонскиот буџет е оштетен со неплаќање на давачка од 7 % од вредноста на коцесијата, реагираат од Фејсбук групата „Здрава Котлина“.

Оттаму истакнуваат дека Буџетот на Македонија е оштетен за неколку милиони евра поради избегнување на плаќање јавна давачка во висина од 7% од вредноста на коцесијата согласно член 49 став 15 што ја регулира промената на сопственичката структура што поединечно или збирно го менува управувачкиот пакет односно има 51% или повеќе од вкупната сопственост на фирмата што ја има концесијата согласно член 49 став 1 и став 14.

од „Здрава Котлина“ додаваат дека при трансакцијата е побарана довола од комисија за конкуренција, но не е побарана никаква дозвола од министерството за економија согласно член 49 од Законот за минерални суровини и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Зарем треба да ги толкуваме законите зависно кој прашува?

Имаме ли ние закони што си ги почитуваме или ова не важи за сите еднакво?

 

Значи имаме чорба каша од бугарски капитал скриен преку Швајцарска фирма и пренесен преку Кајмански Острови и за што не е платена јавна давачка од 7% без разлика што трансакцијата се случила надвор од Македонија.

 

Факт е дека променета е контролата на управувачкиот пакет акции еднаш над правните лица и понатаму на физичките лица што е евидентно од фотографиите.

 

Факт е дека ниту дозвола е побарано па ниту е платена јавната давачка согласно законот.

Факт е дека многу мириса на голема корупција и перење на пари! – велат од „Здрава Котлина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.