Заврши средбата во Приштина меѓу македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши и неговиот косовски колега, Ендрит Шала. Двајцата се согласија дека до петок Агенцијата за храна и ветеринарство од Косово ќе испрати извештај до македонската Агенција за храна, со анализа на соодветната програма за следење на производите, во овој случај на икра и материјал за порибување од Косово, пренесува „косова прес“.

Косовскиот министер Шала рече дека само откако ќе се отстранат бариерите за риби, може да се укине реципроцитетот за медот и компирот, додека Бектеши го пренесе ставот дека одлуката ќе биде донесена откако ќе ги добијат документите од косовската АХВ. Тој додаде дека се преземени мерки против сите држави кои не ги исполнуваат стандардите што ги бара Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.