Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а државните ревизори не можат да влезат и да направат финансиска контрола во ниту една државна институција. Од почетокот на месецот му истече мандатот и на в.д. директорот.

Не можеме да вршиме официјална кореспонденција, затоа што немаме кој да ги потпише документите од наша страна. Едноставно кажано, не можеме да влегуваме во институциите, бидејќи прво треба да ги известиме, а тоа не можеме да го направиме без официјален ферман со потпис и печат коментираат вработени во Заводот за Независен весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.