Ограничувањето на работното време до 23 часот засега ќе важи само за угостителските објекти, рече вицепремиетот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција. Тој посочи дека Комисијата за заразни болести утврдила дека овие места се ризик за ширењето на вирусот, но секако ако има предлог и за ограничување на работнто време и за други економски оператори секако ќе биде разгледано.

Да, вистина е дека првично беше најава за повеќе економски оператори, но Комисијата за заразни болести не се економски стручни за да направат разлика што е економски оператор и имавме една ситуација на интервенција. Укажавме на што точно се однесува и во овој моемент таа оценила дека само таму треба да има лимитирање од 23 мора и дека ризикот од ширење на заразатаа е токму таму, вели Битиќи.

Посочи дека ако Комисијата оцени дека има потреба и од нови ограничувања ќе се направи тоа, но сега не се размислува во таа насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.