Заменик-министерката за финансии Гордана Димитиеска-Кочоска нема да го потпише документот за заем од Светската банка во износ од 90 милиони долари бидејќи не знае за што ќе се трошат парите. Таа истакна дека не може проектно финансирање да се базира на 2 листа хартијаеден од Министерството за здравство и еден од Министерството за труд и социјала. Кочоска посочи дека кога се работи за проектно финансирање, потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.

Јас имав неколку разговори со Светската банка. Не станува збор за блокада која Гордана ја има кон Светска банка бидејќи еден ден пред овој кредит да ми биде доставен, ми беше упатено друго барање. Тие 50 милиони евра наменети за стопанството ги потпишав без никаков проблем бидејќи таму беа јасно наведени критеритумите под кои ќе се врши исплатата на тој кредит. Во конкретнава ситуација станува збор за проекто финансирање. Проектното финансирање е разговорано помеѓу Светската банка и ресорните министерства за труд и социјала и за здравство, а било вклучено и Министерството за финансии и сето тоа се случувало еден месец пред да ми биде доставен документот. Документот ми беше доставен на 28 април и содржеше1 ливче од труд и социјала за 54 милиони евра и исто така 1 ливче од здравство за 34 милиони евра, вели Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека тоа било и причината зошто побарала дополнително образложение за што ќе се трошат парите.

Светската банка можеби знае, но јас не знам. Кога имате проектно финансирање, треба да имате јасни пресметки за што ги барате средствата, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.