Продолува рокот на стариот закон за легализација на дивоградбите за уште 5 години. Имено, Собранието на вчерашната седница ги усвои законските измени на законот кој беше донесен во 2011 година, а неговата важност истече во март годинава.

Според образложението на предлагачите, Владата и Министерството за транспорт и врски, продолжувањето на рокот на важноста на законот е поради тоа што има многу предмети кои се поднесени во законските рокови, но се заглавени во жалбена постапка или во постапка пред управните судови.

Со продолжување на рокот на важноста на законот, предлагачите велат дека ќе се овозможи завршување на овие предмети и заштита на правата на граѓаните кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.