Во видео објавено на социјалните мрежи се гледа како инспектори во Тетово при обид да запленат цигари кои се продаваат нелегално се вербално и физички нападнати.

Видеото, според расположивите информации е направено на 21 февруари 2020 година.

Кој си бе, ти, лопови, кој си бе ти…(бам шамарот)..еве го Заев, се слуша на видеото, на кое јасно се гледа дека инспекторите едвај живи извлекуваат од местото каде се нелегално се продаваат цигари.

Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале.

При акцијата инспекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.