Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека треба да има пораст на платите но оти тоа треба да го следи и зголемување на продуктивноста.

– Се согласувам дека треба да стимулираме пораст на платите, но тоа мора да оди заедно со подигнување на продуктивноста. Зошто? За да бидеме поконкурентни на европските и светски пазари. Ако видите колкава е нашата продуктивност со другите земји, еве земјоделството ќе го земам за пример, југот на Италија, Шпанија, Турција каде што продаваме исти производи, вино, грозје, раноградинарски култури, тие имаат пониска цена на чинење. Го земав за пример, земјоделството, но така е во текстилот и другите дејности. Ние мора да работиме со работниците и работодавачите, кога одиме веќе на една таква државна стратегија, а ние ќе ја продолжиме како власт доколку добиеме доверба, само во консензус со нив, за да добијат дополнителна продуктивност и конкурентност на своето производство, а користа од зголемените приходи на граѓаните ќе биде и во зголемувањето на потрошувачката на домашни производи, рече Заев. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.