Претседателот на СДСМ Зоран Заев во ТВ дуелот на Канал 5 истакна дека за четири години и три месеци СДСМ успеа да ја покачи просечната плата за над 6.000 денари, беше 20.800, сега е 28.744 денари, а со ВМРО-ДПМНЕ за шест години порасна само 1.700 денари.

Минималната плата беше 9.000 денари, некаде ја даваа и 8.000 денари, сега е 15.200, стапката на невработеност беше некаде околу 25 проценти сега е 15,9, намалена за над 9 проценти, а БДП продолжува да расте и покрај пандемијата, истакна претседателот Заев.

Тој нагласи дека од овие 4 години и 3 месеци, скоро 2 се во пандемија, со девастирачко влијание насекаде во светот, но и покрај пандемијата имаме одлични резултати, економијата се враќа во живот.

Имаме три пати повеќе странски инвестиции, отколку ВМРО-ДПМНЕ во 11 години, во 2018 година имавме рекордни 624 милиони евра странски инвестиции, рече Заев, додавајќи дека се што работиме е за подобрите економските политики, заради економските перспективи на граѓаните. Главен пилар и цел на оваа влада бил и продолжува да биде повисок животниот стандард, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.