Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот за 2021, кој оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

Целта е да се обезбедат работни места посебно за најмладите, долгорочно невработените и лицата кои користат социјална помош, но и да им се помогне на сите оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата, наведува Заев во објавата.

Тој потенцира дека јавните огласи се во тек, преку кои работодавачите и невработените лица може да аплицираат за програмите и мерките за вработување.

Креираме инклузивен и рамномерен регионален развој, економските мерки се насочeни за спас на секое работно место. Оперативниот план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите, додава премиерот Заев во фејсбук-објавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.