СДСМ и економски раст се две работи кои не одат во иста реченица. Секоја година е економска година за оваа власт, а граѓаните живеат се посиромашно, цените се плафон, а следат и уште поголеми поскапувања. Мизерно е фалењето за раст на платите, кога секој граѓанин должи по 3,500 евра, а со ребалансот на Буџетот дополнително се задолжи секое семејство во земјава за нови 500 евра, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајни се најавите дека македонската економија „ќе расте“ кога веќе имаме јавен долг што е 63% од БДП. Не, економијата не е стабилна туку уште повеќе тоне поради неспособните политики на економскиот тим на власт. А Заев ја задолжи државата за нови 210 милиони евра со ребалансот.

Неспособните кадри на Заев донесоа пола милион луѓе во сиромаштија, а „успешните“ политики на СДСМ резултираа со 60 илјади невработени луѓе, кои никој не ги спомнува во блескавите изјави на фиктивна реалност која СДСМ ја пропагира.

Економските политики се за гревота, инвестиции нема, а Заев сеуште не одговори на што се потрошија 1 милијарда евра од Буџетот.

СДСМ не ги враќа парите кај граѓаните, туку ги краде.

Четири години Заев, четири години украден живот и економска мизерија, доста е“ – велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.